Mehmet Arif Altunkaynak
19 Април 2020•Ажурирај: 21 Април 2020
МАРДИН
Полицијата во турскиот град Мардин во текот на овие денови на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) не ги заборави ниту напуштените животни на улиците на тој град, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турските полицајци одлучија да ги нахранат бездомните животни во тој град бидејќи во деновите на пандемијата многу потешко доаѓаат до храна со оглед дека повеќето од граѓаните остануваат во домовите.
Полицајците во групи ги посетуваат околните улици и квартови во кои оставаат храна и садови со вода за напуштените животни.
Се случува и самите лично од свои раце да ги нахранат животните, што посебно ги воодушеви жителите на овој турски град.