Ekipa
16 Јуни 2020•Ажурирај: 17 Јуни 2020
ИЗМИР (АА) - Во операции на турските безбедносни сили приведени се 159 осомничени лица за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, која стои зад неуспешниот обид за пуч во Турција, во 2016 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Анкара издадени налози за приведување на 19 осомничени припадници на ФЕТО
„Најмалку 112 осомничени се приведени поради утврдени контакти со таканаречените тајни имами во ФЕТО - високи припадници на организацијата, преку телефонски говорници“, изјавија безбедносни извори кои побараа да останат анонимни.
Осомничените, меѓу кои и активни припадници на Турските вооружени сили, се приведени во полициски операции во 56 области низ Турција, раководени од Измир.
Потрагата по останатите осомничени од обласната управа за безбедност и командните тимови на жандармеријата во егејската област Измир е во тек.
Во друга операција која се раководи од Истанбул, турските безбедносни сили приведоа 44 осомничени, меѓу кои и активен воен персонал, соопштија безбедносни извори.
Во меѓувреме, во црноморската област Самсун полицијата приведе тројца осомничени, меѓу кои и еден активен припадник на Турските вооружени сили, кои се товарат за комуницирање со „тајните имами“ на ФЕТО преку припејд телефонски картички.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.