Erdoğan Çağatay Zontur
16 Јуни 2020•Ажурирај: 17 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Турските обвинители во Анкара денес издадоа налог за приведување 19 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, која стои зад неуспешниот обид за државен удар во Турција во 2016 година, соопштија безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Налозите за приведување се издадени откако е откриено дека осомничените ја користеле мобилната апликација за шифрирани пораки на терористичката организација, „БајЛок“ (ByLock).
Најмалку 13 од осомничените се приведени.
Полицијата сè уште е во потрага по преостанатите осомничени.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.