Dilan Pamuk
24 Март 2021•Ажурирај: 25 Март 2021
АНТАЛИЈА (АА) - Турските безбедносни сили приведоа три лица поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тимовите на антитерористичката полиција во Анталија спроведоа операција за откривање на активностите на терористичката организација и приведување на членовите.
Во рамките на операцијата приведени се три лица за припадност на терористичката организација ФЕТО во северозападната област Баликесир.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а беа повредени 2.734 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.