Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
22 Април 2021•Ажурирај: 23 Април 2021
АНКАРА
Трилатералниот состанок на министрите за надворешни работи на Турција, Авганистан и Пакистан ќе биде одржан во Истанбул утре, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Република Турција е наведено дека на состанокот ќе се разговара за авганистанскиот мировен процес, соработката на полињата за безбедност, енергетика, поврзаност и нелегални миграции.
Планирано е и министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу да одржи билатерални состаноци со колегите од Авганистан и Пакистан.