Miraç Kaya
02 Август 2019•Ажурирај: 03 Август 2019
БАЛИКЕСИР (АА) - Најмалку пет лица загинаа, а повеќемина се повредени во пожар што зафати автобус во тек на возење, во западниот турски град Баликесир, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, автобусот кој сообраќал на релацијата Баликесир - Едремит, од сè уште непознати причини се запалил кај местото Ѓокчејази.
Локалните жители ги известиле пожарникарите, брзата помош и турската жандармерија, кои набрзо пристигнале на местото на настанот. Пожарот е успешно изгаснат.
Потврдено е дека во пожарот настрадале најмалку пет патници.