Sibel Uğurlu
02 Август 2019•Ажурирај: 03 Август 2019
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа 165 терористи - вклучително и 17 високи оперативци на терористичките организации - за време на антитерористичките операции спроведени низ Турција во месец јули, изјави денес заменик-министерот за внатрешни работи на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските власти честопати го користат терминот „неутрализиран“ за да имплицираат дека терористите за кои станува збор се предале, се убиени или се заробени.
„Извршени се вкупно 11.646 антитерористички операции во руралните средини и 1.409 во градовите“, изјави Исмаил Чатакли, заменик-министер и портпарол на турското Министерство за внатрешни работи, пред новинарите за време на месечниот брифинг во Министерството.
„Во овие операции неутрализирани се вкупно 165 терористи, вклучително и 17 високи оперативци, од кои двајца од сината категорија, двајца од портокаловата категорија и 13 од сивата категорија од листата на барани лица на Министерството за внатрешни работи“, изјави Чатакли.
Тој додаде дека од 165-те терористи, 74 се убиени, 33 се фатени живи, додека 58 терористи се предале на безбедносните сили.
Чатакли рече дека 146 од терористите биле припадници на ПКК/ КЏК, 17 биде членови на ДЕАШ и двајца припадници на крајно левичарски терористички групи.
„Исто така, уапсени се 2.940 осомничени лица поради сомнение за нивна поврзаност со терористичките организации и за нивно помагање и агитирање“, истакна Катакли.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и новороденчиња.