Fatma Bülbül
24 Октомври 2016•Ажурирај: 25 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Според судски извори, Турција ќе им даде нов доказ на САД во врска со барањето за приведување на Фетула Ѓулен, обвинет за организирањето на државниот удар во кој загинаа 241 лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Изворот, кој зборуваше под услов на анонимност, денес изјави дека министерот за правда, Бекир Боздаг, ќе сподели нов доказ со неговата колешка, јавната обвинителка на САД, Лорета Линч, добиен уште од 10 септември.
%2Fthumbs_b_c_2de328c7ea511d12d2222785322aec91.jpg)
Според извори од Министерството за правда, Боздаг утре ќе замине за САД за да се состане со јавната обвинителка Лорета Линч во врска со дискусијата за официјалното барање на Турција привремено притворање на терористичкиот лидер Ѓулен.
Турција официјално поднесе докази до САД дека мрежата на Ѓулен формирала квази-држава во рамките на турската држава, во обид да ја собори и целосно да ја преземе власта преку крвавиот обид за државен удар.
Турските власти исто така издадоа официјално барање за екстрадиција на Ѓулен во рамките на договорот од 1979 меѓу Турција и САД.
Боздаг во САД ќе замине во придружба на Ахмет Ијимаја, претседателот на Парламентарната комисија за правда, како и со замениците од владејачката Партија за правда и развој (АК Партија), главната опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) и од Партијата на национално движење (МХП).
Според официјалниот распоред, Боздаг за време на неговата четиридневна посета, исто така ќе присуствува и на панел-дискусијата за обидот за државен удар, организирана од страна на Фондацијата за политички, економски и социјални истражувања (СЕТА) и на свечената изложба на фотографии на Anadolu Agency во Вашингтон, насловена како „Зголемување на националната волја“.
Најмалку 241 лице загинаа, а речиси 2.200 беа повредени во обидот за државен удар за кој владата тврди дека е организиран од страна на терористичката организација ФЕТО.