Cem Ali Kuş,Ferdi Akıllı,Orhan Kuzu,Yavuz Emrah Sever,Ömer Faruk Şimşek
03 Јануари 2021•Ажурирај: 03 Јануари 2021
САКАРЈА
Турските власти се погрижија напуштените животни што се на улица да добијат храна во текот на полицискиот час, што е воведен во земјата во рамките на мерките против коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Персоналот на тимовите за заштита на животната средина, природата и животните во неколку турски градови, вклучувајќи ги Сакарја, Дузџе, Зонгулдак и Карабук, на напуштените животни во текот на викендот им оставаа храна за да не бидат гладни во периодот на полицискиот час, кога граѓаните не можат да ги хранат како што обично го прават тоа.
Храна и вода оставаа на различни локации, а неретко и играа со напуштените животни за да ги израдуваат.
Локалните власти соопштија дека во текот на викендот им оставале вода и храна на мачките и кучињата што се на улица.
Од Министерството за внатрешни работи претходно упатија наредба до гувернерите во Турција во текот на траењето на полицискиот час да не ги заборават напуштените животни.
Во Турција по Новата година е воведен тридневен полициски час за да се запре ширењето на пандемијата на Ковид-19.