Harun Kaymaz
06 Декември 2015•Ажурирај: 08 Декември 2015
БУРСА (АА) - Слаткар од турскиот град Бурса, Јуксел Хасаногулари, кој веќе половина век се занимава со правње баклава, во својата слаткарница на муштериите им нуди 200 видови од овој ориентален деликатес со различен состав и облик, јавува Anadolu Agency (AA).
„Досега имаме 200 врсти баклава. Им даваме различни имиња меѓу кои и „Харемска убавица“ и „Чиг ќофте“. Чиг ќофтето го правиме со мед, ф'стаци, путер и мармалад. Оној што ќе ја изеде оваа баклава може да го држи сит и до осум часа. Имаме и различни врсти на кадаиф“, рече Хасаногулари потсетувајќи дека „Чиг ќофтето“, лутото јадење од сирово месо, е карактеристично за турската кујна.
Успешниот слаткар истакнува дека вложил многу пари и време во квалитетот на своите производи во кој нема гликозен сируп туку се користат само најквалитетни состојки кои купувачите ширум Бурса, а и околните градови ги препознаваат.
Хасаногулари вели дека има се поголем број муштерии кои наместо торти, за свадби купуваат свадбена баклава. Поради тоа, тој прави баклава која може да се понуди и на 11 ката и додава дека секоја година воведува нови производи.