Nazlı Yüzbaşıoğlu
29 Декември 2016•Ажурирај: 29 Декември 2016
АНКАРА (AA) – Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлуд Чавушоглу изјави дека коалицијата во чии рамки се и Соединетите Американски Држави (САД), веќе извесно време не дава воздушна поддршка во акцијата „Шитот на Еуфрат“, како и дека САД досега им давале оружје на ЈПГ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу гостуваше на турската телевизија „А Хабер“, и притоа се осврна на актуелните случувања во регионот.
Запрашан да го прокоментира вчерашното соопштение од амбасадата на Соединетите Американски Држави за тоа дека оваа земја не давала поддршка со оружје на ЈПГ, Чавушоглу рече дека коалицијата во чии рамки се и Соединетите Американски Држави (САД), веќе извесно време не дава воздушна поддршка во акцијата „Шитот на Еуфрат“.
„САД им даваат оружје на ЈПГ/ПЈД. Точка. Ако тие велат така, ова е она што јас го кажувам. Тоа е јасно. И тие знаат, а ние добро знаеме дека САД им даваа поддршка во оружје на ЈПГ, посебно наменето за борбата против ДЕАШ. Имаме документи за тоа, а тоа го знаат и сите во светот“, рече Чавушоглу.
Министерот нагласи дека во таа смисла, важно е пред сѐ, да се биде искрен.
„Во ред е ако речат: ‘до денес дававме оружје, сфативме дека тоа беше грешка’, но до денеска, САД даваше оружје на ЈПГ“, рече Чавушоглу.
Исто така, шефот на турската дипломатија рече дека Турција не добила значителна поддршка кога е во прашање борбата за Ал-Баб, кој е едно од најзначајните упоришта на ДЕАШ.
„Коалицијата веќе извесно време не дава поддршка. Тука ЈПГ врши притисок на Американците. Зборувам отворено бидејќи тоа му го реков и на Џон Кери. Затоа што, како што знаете, ЈПГ планира од Мунбич да премине во Африн, и тука да основа еден терористички коридор“, порача министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу.