Nazlı Yüzbaşıoğlu
05 Септември 2017•Ажурирај: 05 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, утре ќе го посети кампот во којшто се наоѓаат араканските муслимани во Бангладеш, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од дипломатски извори, утре, по 6. Трилатерален состанок на министрите за надворешни работи на Турција, Азербајџан и на Грузија што ќе се одржи во азербејџанскиот главен град Баку, турскиот министер ќе отпатува за Бангладеш.
Чавушоглу со надлежните од Бангладеш ќе дискутира во врска со масакрите извршени над муслиманите во Аракан, како и за состојбата на араканските муслимани. Тој ќе го посети кампот во Кокс Базар, каде што престојуваат араканските муслимани.
Чавушоглу спроведува интензивни дипломатски активности во врска со масакрите над муслиманите во Аракан.
Тој во последниов период разговараше со министрите за надворешни работи на Бангладеш, Абул Хасан Махмуд Али, на Малезија, Анифах Аман, на Индонезија, Ретно Марсуди, на Катар, шеик Мухамед бин Абдурахман Ал Тани, на Иран, Џевад Зариф, како и со поранешниот генерален секратар на ОН, Кофи Анан, околу ситуацијата на мусламинте во Аракан.