Yeşim Sert Karaaslan
13 Март 2019•Ажурирај: 13 Март 2019
АНКАРА (АА) - Портпаролот на владејачката турска Партија за правда и развој (AK Parti), Омер Челик, најостро ги осуди обвиненијата и нападите кои израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги упати кон турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
„На Нетанјаху не му одговара фактот што Ердоган е демократски лидер кој е избран од јавноста и кој зборува за заштита на угнетениот народ на Палестина“, изјави Челик.
„Ја отфрлам изјавата на диктаторот г-дин Нетанјаху, кој е најсоодветен политичар во светот за оваа ознака“, додаде Челик.
Челик ја осуди и афирмацијата на Нетанјаху дека Израел е земја само на еврејскиот народ, како една од најрасистичките изјави во човековата историја.
Вчера портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, исто така ги осуди изјавите на Нетанјаху, велејќи дека се бесрамно расистички и дискриминирачки.
„Во Израел живеат 1,6 милиони Арапи/Муслимани. Дали западните власти ќе реагираат или повторно ќе останат под притисок да молчат?“, напиша Калин на социјалната мрежа Твитер.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека Израел не е земја на сите граѓани, туку само на еврејскиот народ.