Zehra Nur Düz
13 Март 2019•Ажурирај: 14 Март 2019
Турски активист објави книга за своето искуство од поминатите 22 дена во израелски затвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Орхан Бујрук беше уапсен на аеродромот „Бен Гурион“ во Израел, во 2016 година, поради наводи за шпионажа.
Тој рече дека патувал во Израел да ја посети џамијата „Ал Акса“ во Ерусалим, како дел од аџилакот.
Бујрук во затворот 22 дена бил подложен на притисок, прогон и психолошко измачување.
Неговата книга „Турчин во израелски притвор“ се осврнува на тешкото искушение што го поминал за време на испрашувањето кое траело 35 часа.
Авторот го спроделува времето што го поминал во затворот и неговиот разговор со палестинските затвореници.
Во последниот дел од книгата, авторот детално ги разгледува плановите на Израел за Ерусалим и Масџид ал-Акса и ги предупредува читателите за опасностите што ги очекуваат Масџид ал Акса и муслиманите.