Muhammet Emin Avundukluoğlu
13 Декември 2021•Ажурирај: 14 Декември 2021
АНКАРА
Претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, го обвини Западот дека е „покровител на меѓународниот тероризам“, јавува Агенција Анадолија (АА).
„За да се создаде исламофобија, неопходно беше да се прикаже слика за тероризмот од страна на муслиманите на Запад. Ова не се случува само по себе. Исламот и онака не дозволува такво нешто. Невозможно е за нормални муслимани да направат такво нешто (тероризам)”, рече Шентоп на панелот за исламофобијата во Европа, што се одржува во главниот град Анкара.
Шентоп рече дека Западот го измислил моделот на „муслимански терорист“ и додаде дека овој модел го поддржува и финансиски и воено.
„Затоа, западниот свет, кој ја измисли исламофобијата, всушност е покровител на меѓународниот тероризам“, рече тој.
„Ние се противиме на непочитувањето на основните човекови права кога станува збор за муслиманите“, додаде Шентоп.