Zülfiya Yakup
16 Март 2016•Ажурирај: 17 Март 2016
ПРИШТИНА (AA) - Директорaтот за антитероризам на косовската полиција соопшти дека успешно реализирал две одвоени акции над две лица за кои се сомничи дека финансирале заминување на граѓани на Косово на странските боишта, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во регионот на Призрен, во вторник е реализирана наредба за контрола, која ја издаде Основниот суд на Приштина, над осомничениот П.Д под сомнение дека бил вклучен во "финансирање или олеснување на тероризмот".
“Осомничениот П.Д. најмалку во еден случај финансирал две лица со цел учество во терориситичка група, поточно во судир предизвикан надвор од земјата, дело кое остана во обид, откако тие лица се запрени од Директоратот за антитероризам во декември 2015 година, во обид да патуваат во зона на судири", се наведува во соопштението на полицијата на Косово.
Истрагата за можноста дека осомничениот бил вклучен и во другите случаи продолжува.
Директоратот денес во соработка со полициските единици а поддржан од даночната администрација на Косово, а врз основа на наредба издадена од Основниот суд во Урошевац, изврши контрола на објектот за престојување и бизнис на лицето Ф.Р. во регионот на Приштина и Пеќ.
Над осомничениот Ф.Р. од 2014 година се води истрага под сомнение дека бил во постојан контакт со лицата и групите на одредени личности од Косово, кои се занимаваат со организирање и учество во терористичка група.
Лицето Ф.Р се сомничи дека својот бизнис го користел за финансирање и логистика на лицата вклучени во организација и регрутирање за тероризмот, вклучувајќи ги лицата кои се познати по ширење на екстремната идеологија на Косово, како и лица кои патувале или се обиделе да патуваат во зоната на судири.
Многу лица кои Ф.Р. директно или посредно им помагал финансиски и логистички уапсени се за кривично дело против Уставот на Косово, некои од нив се моментално во зоната на судири во Сирија и во Ирак, додека неколку лица се убиени во зоната на судири. Полицијата во текот на контролата заплени електронска опрема и документација.