Meltem Öztürk
13 Декември 2019•Ажурирај: 15 Декември 2019
ТБММ (АА) - Претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп истакнувајќи дека „ерменската одлука“ на Сенатот на САД не е одлука која треба да се сфати сериозно рече: „Проблемот на САД не е прашањето на Ерменците и настаните кои се случиле во 1915 години. Тие користат се што им е на дофат на раката со цел да се здобијат со позиција пред Турција во однос на прашањата за кои се преговара во моментов“, јавува Агенција Анадолија (AA).
Шентоп, денес во турското собрание одговараше на прашањата на новинарите во врска со „Ерменската одлука“.
Потсетувајќи дека таквата одлука е донесена и претходно во Претставничкиот дом, Шентоп рече дека Големото народно собрание на Турција ја осуди таа одлука.
„Кога размислуваме дали е потребно такво нешто, мислиме дека „нема потреба". Проблемот на САД не е прашањето на Ерменците и настаните кои се случиле во 1915 година. Тие користат сѐ што им е на дофат на раката со цел да се здобијат со позиција пред Турција во однос на прашањата за кои се преговара во моментов. Тоа покажува дека се може да се искористи. Според мене не е одлука која треба да се сфати сериозно“, нагласи Шентоп.
Претседателот на ТБММ, посочи дека секогаш го истакнувале мислењето дека оваа работа не е работа на парламентите.
Доколку на сенаторите кои гласаа за оваа одлука бидат поставени прашања во врска со настаните, Шентоп рече дека не мисли дека ќе можат да одговорат.
„Тие се мотивирани од тоа да бидат против Турција, да донесат некоја одлука која ќе ја вознемири Турција. Тоа може да бидат Ерменците, настаните од 1915 година, или нешто друго, но целта е само да се вознемири Турција“, додаде Шентоп.
- „Тоа е против нашиот поглед кон светот“
Претседателот на Собранието Шентоп наведувајќи дека Турција е спокојна во однос на тоа прашање рече дека турскиот народ отсекогаш била горда на својата историја.
Истакнувајќи дека во минатото на Турција нема геноцид, Шентоп посочи дека немало различен третман за луѓето кои припаѓаат на различни религии, вери и се од различно етничко потекло.
„Има места каде што Османлиската држава владеела 500 години. Османлиите се повлекоа од Балканските простори, но националностите, религиите, црквите, традициите, облеката се уште се останати таму. Бевме во Џибути, таму зборуваат француски. Нивниот мајчин јазик е арапски, но јазикот за настава е француски", рече Шентоп и запраша:
„Османлиите не можеа тоа да го направат за 300, 400, 500 години? Можееа да го направат. Но, тоа е спротивно на нашиот поглед на светот, цивилизацијата и верувањето.“
Тоа може да се демонстрира со документи и академски студии рече Мустафа Шентоп и нагласи: „Претседателот Реџеп Таип Ердоган, во време кога беше премиер во 2005 година рече дојдете да ги отвориме архивите и ние и вие. Ерменските истражувачи, и истражувачите од другите земји нека дојдат и нека дојдат и нека работат во нашите архиви. И ние да одиме да работиме таму.“
Шентоп исто така додаде: „Турција ги отвори своите архиви, и покрај тоа што поминаа речиси 15 години Ерменија не одговори на тој повик. Значајните нивни архиви не се отворени.“