Kerem Kocalar
30 Јули 2016•Ажурирај: 31 Јули 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Турскиот вицепремиер Мехмет Шимшек присуствуваше на заедничка средба со индистујалци и бизнисмени, која се одржа во еден хотел во градот Газиантеп во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот кој не беше отворен за медиумите тој даде изјава во која кажа дека Турција е во процес на забрзано стабилизирање и нормализирање. Потенцирајќи дека враборувањето и инвестициите секогаш се на дневен ред тој рече:
„Размислуваме за тоа како да ги унапредиме државата и градот, како да ја зајакнеме демократијата. За среќа политичката стабилност е зајакната“. Исто така тој изјави дека на средбата со бизнисмените и индиструјалците се консултирани ваквите теми и дека оваа средба ќе придонесе за доброто како за градот Газиантеп така и за целата држава.
„Демократијата во Турција е посилна, а иднината посветла“
На прашањето за тоа како се ефектираше обидот за државен удар од 15 Јули врз економијата Шимшек рече: „Турската економија е на стабилни нозе. Таа дава силен отпор против шоковите кои ги доживеа. Поминавме преку големи искушенија. Како што кажав демократијата во Турција е силна, иднината и е посветла, а политичката стабилност зајакната. И покрај шоковите кои ги доживеа, пазарот забрзано се нормализира, повторно се враќа изгубеното тло. Турција ќе гледа само напред, таа е една просперитетна, стабилна и мирна држава заедно со својот народ. Се надевам нашата држава ќе продолжи да чекори по својот пат со уште поголема улога на глобално ниво.
Се дознава дека Шимшек ќе има средба со некои семејства кои ги изгубија своите блиски во обидот за државен удар од градот на кои ќе им изрази сочувство.