Saimir Alija
09 Јануари 2020•Ажурирај: 10 Јануари 2020
ТИРАНА
Премиерот на Албанија, Еди Рама, ги претстави приоритетите на Албанија во претседавањето со Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) во текот на 2020 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Рама во своето обраќање пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, рече дека тие, во заедницата на држави мора да го задржат дијалогот отворен, кога и сите шанси се против тоа.
„Ја преземам оваа одговорност и со голема понизност и нетрпеливост чекаме да го направиме најдоброто, без да претендираме дека ќе направиме повеќе од најдоброто. Со нетрпение чекам да го слушнам вашиот и нашиот глас, како еден дијалог кој ќе трае цела една година и со надеж дека ќе нѐ однесе сите нас на едно подобро место од тоа на коешто се наоѓаме денес“, нагласи Рама.
Според Рама, минатата година ОБСЕ била со предизвици и словачкиот тим се истакнал во претседавањњето со оваа организација.
„Пред 45 години, кога беше формирана ОБСЕ, Албанија беше сама, беше навистина една европска Северна Кореја, беше изолирано општество, поттикнувана од омразата против слободниот свет. Албанија беше единствена европска држава која не само што одби да стане членка на ОБСЕ, туку и го осудуваше нејзиното формирање“, рече Рама.
„Во тој период јас бев пионер со црвена марама на вратот, додека денеска ви се обраќам како претседавач на оваа организација на 57 земји и на над 1 милијарда жители, од Ванкувер до Владивосток“, додаде тој.
Според него, можеби ОБСЕ не е во состојба да ги реши сите проблеми, но без ОБСЕ ќе постоеја повеќе проблеми за решавање.
„Верувам дека основните хелсиншки принципи, почитувањето на сувереноста и територијалниот интегритет, како и заштитата на човековите права, и денес, како и во минатото, остануваат едноставен и ефикасен рецепт“, истакна албанскиот премиер.
Рама говореше и за приоритетите на претседавањето со ОБСЕ во 2020 година.
„Потребно е да ја промовираме работата на нашата организација таму каде таа што зависи од нашите луѓе“, рече тој, и додаде:
„Кризата во Украина и опкружувањето останува најголемиот безбедносен предизвик во Европа, додека од суштинско значење е уникатниот придонес даден од страна на специјалната набљудувачка мисија за намалување на тензиите и за поттикнување на мирот, стабилноста и безбедноста. Албанското претседавање ќе ја врши својата улога за поттикнување на почитувањето на принципите и ангажирањата на ОБСЕ и за целосното спроведување на Договорот од Минск, поддржувајќи ги напорите на трилатералната група и процесот на Нормандискиот формат. Напорите за решавање на конфликтите ќе бидат на чело на нашата агенда.“