Fatjon Cuka
16 Февруари 2024•Ажурирај: 18 Февруари 2024
ТИРАНА (АА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен оствари посета на Албанија, каде што се сретна со високи претставници на земјата, јавува Анадолу.
Во рамките на посетата Блинкен вчера оствари одделни средби со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, и со премиерот Еди Рама.
За време на средбата Блинкен и Рама разговарале за различни теми, пред сѐ, за билатералните односи меѓу двете земји.
Двајцата соговорници разговарале и за темите поврзани со регионот, дијалогот меѓу Косово и Србија, руско-украинската војска, како и за случувањата на Средниот Исток, пред сѐ, во Газа.
Блинкен ја изрази поддршката на САД за патот на Албанија кон ЕУ.
Од друга страна, на средбата меѓу Блинкен и Бегај се разговарало за важноста на стратегиските билатерални односи, случувањата во регионот, како и за други прашања.
Во рамките на посетата на Блинкен потпишани се два меморандума за разбирање меѓу Албанија и САД: Меморандум за разбирање за програмата Фулбрајт за академска размена и Меморандум за разбирање за спротивставување на манипулацијата со информации од странска држава.
Меморандумите беа потпишани од страна на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани.