Bojana Stojanovic
06 Јануари 2019•Ажурирај: 06 Јануари 2019
БЕЛГРАД (AA) - Граѓаните вечерва од протестот „Еден од пет милиони" кој е одржан пета сабота по ред побараа од функциите да се повлечат генералниот директор на Радио-телевизија Србија (РТС) Драган Бујошевиќ и главниот и одговорен уредник на Информативната програма на РТС Ненад Љ. Стефановиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
На чело на колоната од неколку илјадници луѓе беа транспарентите „Еден од пет милиони" и „Стоп на крвавите кошули", а можеа д се видат и транспаренти „Вратете ги земените пензии", „Војско, полицијо, запрете го предавството! Братене го Уставот! Застанете со својот народ!"...
Протестот започна со едноминутен молк за починатите актери Марко Николиќ и Иво Грегуревиќ, како и некогашниот фудбалер на Црвена Звезда Драгослав Шекуларац.
Собраните на протестот „Еден од пет милиони" побараа од функциите да се повлечат Бујошевиќ и Стефановиќ, а актерот Бранислав Трифуновиќ им прочита писмо во кое е наведено дека „на јавниот сервис се емитуваат невистини и клевети на претседалот на Србија Александар Вучиќ".
Трифуновиќ наведе и дека е време граѓаните кои плаќаат претплата да го потсетат Бујовиќ на некои факти.
„Граѓаните кои плаќаат претплата за јавниот сервис потсетуваат дека си одговорен кон јавноста и гледачите, а не на политичките интереси на власта. Граѓаните те потсетуваат дека имаш обврска да го почитуваш правото на граѓаните да ја знаат вистината, да не го користиш јавниот сервис во пропагандни цели, дека немаш право да ги менуваш фактите и да ја залажуваш јавноста", рече Трифуновиќ.
Од говорницата се обрати и актерот Радослав Миленковиќ кој рече дека собраните граѓани имаат право да живеат „нормално во земја во која законите се еднакви за сите и во која од својата работа можат да ги хранат своите семејства".
Протестот е завршен пред платото на Филозофскиот факултет од каде и почна, а сообраќајот беше запрен во улиците во кои минуваше колоната.
Освен во Белград, граѓански протести денес се организирани и во Ниш, Крагујевац, Пожега и Нови Сад.
Во Белград и во изминатите четири саботи беа одржани протести. Како што тогаш истакнаа демонстрантите, непосреден повод на протестот беше неодамнешниот напад на претседателот на „Левица на Србија", Борко Стефановиќ, кој од удари со метален стап добил повреди во пределот на главата пред одржување на трибината на Сојузот за подобра Србија во Крушевац.