Andelija Stojkovic
14 Декември 2019•Ажурирај: 16 Декември 2019
БЕЛГРАД (АА) - Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека лично го замолила српскиот претседател Александар Вучиќ датумот на одржување на изборите да се одложи максимално, но во согласност со законот и Уставот, на што претседателот бил против, но дека ја прифатил нејзината молба, јавува Агенција Анадолија (AA).
Таа на прес-конференција истакна дека за владејачката Српсла напредна партија и за граѓаните би било подобро редовните парламентарни и локални избори да се одржат што поскоро, но дека сакале да излезат во пресрет и на дел од опозицијата и на барањата на европарламентарците.
Брнабиќ рече дека распишувањето на изборите е ексклузивно право на претседателот на Србија, дека таа побарала одложување на изборите како знак на добра волја кон опозицијата, но дека не верува дека ќе биде исполнето нивното барање за поместување на изборите девет месеци од предвидениот рок.
„Од моите разговори со претседателот не делува дека е подготвен да го компромитира Уставот и законите. Не верувам дека ќе има поместување од девет месеци“, рече Брнабиќ.
Таа истакна дека од почетокот на меѓупартискиот дијалог со посредство на Европската Унија, Владата на Србија направила сè што побарале партнерите или опозицијата, и дека од 17-те препораки кои произлегле од дијалогот, реализирани се 70 отсто.