Seyyid Emin
14 Декември 2019•Ажурирај: 16 Декември 2019
СКОПЈЕ
Со свечена церемонија денес беше откриен споменикот на Мустафа Кемал Ататурк поставен пред резиденцијата на амбасадата на Република Турција во Македонија, подарок од турското Здружение „Добротворци“.
Споменикот е дело на турскиот скулптор Метин Јурданур, а на откривањето учествуваа амбасадорката на Република Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, претседателката на здружението „Добротворци“, Дилек Бајазит, членови на здружението „Добротворци“, претседателот на Демократска партија на Турците (ТДП) во Македонија Бејџан Илјас, вработени во амбасадата и голем број гости.
Амбасадорката Кара заблагодарувајќи им се на сите кои дале свој придонес во спроведувањето на целиот проект рече дека споменикот првенствено требало да биде поставен пред општината на градот, но поради некои проблеми, не дошло до тоа. „Штом споменикот е веќе тука, си рековме дека тука е вистинското место на споменикот на Мустафа Кемал Ататурк, таа уникатна личност, творецот на Република Турција. Според мене ова место треба да биде неговиот дом. Сакавме да биде на просторот на амбасадата на Република Турција.“
Амбасадорката Кара истакна дека во Коџаџик ТИКА ја реставрираше куќата на дедото на Ататурк, во Битола се наоѓа военото училиште во кое се школувал, а во Скопје е подигнат неговиот споменик.
Амбасадорката рече дека на отворањето биле повикани и претседателот Стево Пендаровски и Министерот за надворешни работи Никола Димитров, но поради нивните обврски не биле во можност да присуствуваат на церемонијата. „Мустара Кемал Ататурк е личност која е прифатена од целиот свет. За нас од особено значење е што тој, како лице родено во Македонија дал огромен придонес за Турција, личност кој има направено бројни заслуги за Турција, личност која засекогаш по добро ќе ја споменуваме“.
Амбасадорката Кара истакна дека по повеќе од три години, во среда си заминува од Скопје, додавајќи дека си заминува збогатена со многу добри пријателства и овие простори никогаш нема да ги заборави.
Претседателката на турското Здружение „Добротворци“, Дилек Бајазит рече дека е многу возбудена и истакна „Многу сум почестена и горда што се наоѓам на земјата на која израснале нашите предци, оставајќи им го во наследство на следните генерации основачот на нашата татковина.“
Бајазит им се заблагодари на сите што учествувале во спроведувањето на целиот проект и откривањето на споменикот.
Турското Здружение „Добротворци“ на 18 октомври во Скопје организираше концертна програма по повод 96 годишнината од формирањето на Република Турција.