Fatjon Cuka
29 Април 2022•Ажурирај: 01 Мај 2022
ТИРАНА (АА) - Задачата на Европската Унија (ЕУ) е ефикасно да ја интегрира Албанија, изјави денеска во Тирана еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ефикасно ќе ја интегрираме Албанија во Европската Унија. Тоа е наша задача и не треба да го тргаме погледот од оваа заедничка определба“, рече еврокомесарот по средбата со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана.
Комесарот на Европската Унија посочи дека целиот процес на европското проширување и интеграција се однесува на стабилноста и безбедноста на Западен Балкан.
Вархеи нагласи дека се работи на економскиот инвестициски план за Косово, додавајќи дека ЕУ се надева дека ќе продолжи да работи на дијалогот меѓу Белград и Приштина и дека ќе има напредок.
Тој му се заблагодари на албанскиот премиер за силната поддршка за Украина, која е во војна со Русија.
Во 2020 година, Европската Унија им даде зелено светло на Албанија и Северна Македонија да ги започнат пристапните преговори, иако датумот за почеток не е одреден. Бугарија го спречи почетокот на преговорите со двете земји, инсистирајќи дека Скопје мора прво да ги исполни условите од Договорот за добрососедство со Бугарија.
Бидејќи барањата за пристап на двете земји се поврзани, ветото на Бугарија ги спречи двете земји да напредуваат во процесот на пристапување во Европа.