Fatjon Cuka
18 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
ТИРАНА (АА) - Полицијата во албанскиот град Драч заплени околу 38 килограми хероин, а приведено е едно лице, кое според полицијата го транспортирало ова наркотично средство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на локалната полициска дирекција во Драч се нагласува дека граничната полиција на пристаништето на Драч спречила обид за шверцување дрога.
„Приведено е 49-годишното лице кое со камион го транспортираше наркотичното средство, и запленети се 68 пакети со хероин, кои тежат околу 38 килограми“, се вели во соопштението.
Се истакнува дека се води истрага против приведениот албански државјанин за кривичното дело „шверцување наркотици во соработка“.