Zylfije Adem Jakupi
26 Декември 2020•Ажурирано: 27 Декември 2020
ПРИШТИНА
Националниот институт за јавно здравје на Косово информираше дека во последните 24 часа од последиците на заразеност со новиот тип коронавирус (Ковид-19) животот го загубиле 7 лица, а 270 биле позитивни на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа спроведено е тестирање на 1.003 сомнителни примероци на коронавирус, од кои 270 биле позитивни.
Од почетокот на пандемијата тестирани се 178.390 лица, од кои 50.405 биле позитивни. Досега од последиците на заразеност со коронавирусот животот го загубија 1.305 лица.
Во последното деноноќие оздравеа уште 478 пациенти, вкупно 39.134 од почетокот на пандемијата.
Во моментов во Косово активни се 9.966 случаи на зараза со коронавирусот.