Zylfije Adem Jakupi
06 Февруари 2021•Ажурирај: 08 Февруари 2021
ПРИШТИНА
Од Националниот институт за јавно здравје на Косово информираат дека во последните 24 часа едно лице починало од последиците предизвикани од Ковид-19, а кај 321 лице е детектиран коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа тестирани се 2.534 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 321 биле позитивни.
Од почетокот на епидемијата досега во Косово се тестирани 247.484 лица, од кои позитивни биле 62.009. Од последиците на заразеност со Ковид-19 починаа 1.520 лица.
Во последното деноноќие оздравеа 313 пациенти, со што вкупниот број на оздравени се зголеми на 53.768. Во моментов во оваа земја се активни 6.721 случај на зараза со Ковид-19.