Besar Ademi
14 Декември 2017•Ажурирај: 15 Декември 2017
СКОПЈЕ (АА) – По повод Националниот ден н Катар, под покровителство на амбасадорот на оваа земја во Македонија, Хасан Бин Абдулах ал-Махмуд, беше приреден свечен прием на кој присуствуваа претставници на дипломатскиот кор во земјата, политички лидери, како и личности од бизнисот и културата, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу присутните на свечената церемонија беа и претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски, министерот за култура на Република Македонија Роберт Алаѓозовски, како и претставници на политичките партии во земјата.
Амбасадорот Абдулах ал-Махмуд во неговото обраќање пред присутните укажа на директната авиолинија Доха-Скопје и Скопје-Доха на авиокоманијата „Qatar Airways“, опишувајќи како мост кој ги поврзува граѓаните на двете земји.
По обраќањето на амбасадорот Хасан Бин Абдулах ал-Махмуд, поканетите гости имаа прилика да вкусат некои традиционални јадења на Катар.
Во рамките на настанот беше организирана и една наградна игра каде двајца поканети гости освоија авионски карти за Скопје-Доха и обратно.
Инаку, во јули оваа година на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје слета првиот авион на директната авиолинија од Доха. Линијата од Катар за македонскиот главен град, од тој ден сообраќа четири пати во неделата со еден авион кој поседува 12 места на бизнис класа и 132 места на економската класа.
Амбасадата на Катар во Скопје е една од 113 дипломатски и конзуларни претставништва на Катарската држава во странство.