Sinan Uslu
08 Септември 2016•Ажурирај: 09 Септември 2016
АНКАРА (АА) – Премиерот на Турција Бинали Јилдирим изрази благодарност до премиерот на Катар, Абдула Бин Насир Ал Тани за исклучителната поддршка што Катар ја даде по повод обидот за државен удар од страна на ФЕТО на 15. јули. Јилдирим рече дека поддршката е ценета и примена со задоволство, јавува Anadolu Agency (AA)
Премиерот Јилдирим во резиденцијата во Чанкаја се сретна со катарскиот премиер Ал Тани, кој е во посета на Турција.
Според владини извори, средбата меѓу Јилдирим и Ал Тани, која започнала зад затворени врати, продолжила на ручекот, и понатаму со средба на делегациите. На ручекот Јилдирим изразил посебна благодарност и задоволство од посетата на Ал Тани и неговата делегација.
Јилдирим искажа посебна благодарност за поддршката на Катар кон Турција по крволочниот обид за државен удар од страна на ФЕТО на 15. јули, и рече дека поддршката е ценета и примена со задоволство.
Тој напомена дека политичкиот дијалог со Катар е на одлично ниво и нагласи дека со чекорите што ќе бидат преземени во билатералните инвестиции, трговијата, туризмот, енергетиката и во здравството, посакува да се продлабочи соработката меѓу двете држави.
Тој ги потенцираше визиите што ги имаат двете држави, Катар за 2030, Турција за 2023, Јилдирим рече дека стратешкото партнерство на двете држави е од големо значење, како за остварување на овие цели, така и за постигнување просперитет и стабилност во регионот.
Ал Тани, пак, на средбата нагласи дека има стратешка визија за оваа соработка, во рамките на долгогодишното пријателство меѓу двете држави.
Потсетувајќи дека по обидот за државен удар, државата Катар, преку телефонски разговор и преку средби на различни нивоа веднаш го осудила случајот, Ал Тани рече дека стои зад Турција и дека се подготвени и понатаму да ја зајакнат соработката со Турција во секоја сфера.
Се дознава дека на средбата, двајцата премиери разговарале и на теми како што се Сирија и случувањата во регионот.