Vesna Besic
29 Август 2020•Ажурирај: 30 Август 2020
САРАЕВО (АА) - Во изминатите 24 часа во Хрватска се евидентирани 312 нови случаи на вирусот САРС-КоВ-2, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Вкупниот број на моментално заболени (активни случаи) во Хрватска е 2.654.
Меѓу нив, 211 пациенти се на болничко лекување од кои 12 се на респиратор, соопшти Штабот за цивилна заштита. Три лица починаа.
Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај на Ковид-19 во Хрватска, до сега регистрирани се вкупно 9.861 лице заразено со новиот коронавирус, од кои 183 починаа, а 7.024 се излекуваа.
Во моментов во самоизолација се 9.148 лица. До денес се тестирани вкупно 165.716 лица, од кои 3.415 во последните 24 часа.