Andelija Stojkovic
04 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
БЕЛГРАД (АА) - Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека постојат два датума за одржување на парламентарните и локалните избори во Србија, 14 или 21 јуни, и дека вонредната состојба би можела да биде укината во четврток, 7 мај, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тој за телевизијата „Пинк“ рече дека датумот за изборите во Србија ќе биде одреден по консултациите со партиите што сакаат да учествуваат на изборите.
Вучиќ истакна дека денеска ќе го добие образложението од Министерството за одбрана и дека потоа со премиерката и со претседателката на Собранието треба до 6 мај да го потпише укинувањето на вонредната состојба, кое треба да се проследи до Собранието на Србија.
Српскиот претседател рече дека се надева оти од четврток, 7 мај, нема да има вонредна состојба.