Bojana Stojanovic
14 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
БЕЛГРАД (АА) - Германија е сигурен партнер на Србија на нејзиниот европски пат, а само заедничкиот европски глас, во кој спаѓа и Србија, може да се слушне во светот кој се менува, се согласија денес вицеканцеларот и министер за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Белград, јавува Anadolu Аgency (AA).
„Ние сакаме во наредните години уште повеќе да се поврземе, бидејќи светот се менува, а доколку сакаме нашиот глас да се слушне, тогаш мора да бидеме заеднички, европски глас, а Србија спаѓа во Европа“, рече Габриел на заедничката прес-конференција со Вучиќ.
На тоа Вучиќ истакна дека иако за Германија 2015 година, како рамковен рок за влез на Србија во Европската Унија, не е свето писмо, Србија би сакала тоа да биде тогаш, што Габриел го поздрави, нагласувајќи дека Германија ја поддржува Србија на тој пат.
„Не смее да се чека до 2025 година или подоцна, веќе сега мораме да работиме на тоа обичните луѓе во секојдневниот живот да почувствуваат дека се исплати да се влезе во Европа“, нагласи вицеканцеларот.
Според Габриел, ЕУ е пример дека од најголемите конфликти и војни може да произлезе партнерство и пријателство.
„Србија за Балканот има клучна улога во тоа. Не може само Србија да го стабилизира регионот, но без неа нема стабилност во регионот“, додаде тој.
Говорејќи за нормализирањето на односите меѓу Белград и Приштина, двајцата државници се согласија дека од српската страна постои заинтересираност за решение, но дека тоа мора да се изнајде поради граѓаните, а не бидејќи тоа е барање на ЕУ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, наведе дека во 2017 година трговската размена помеѓу Србија и Германија изнесувале 4,4 милијарди евра, што ја прави убедливо најзначаен партнер, а вработува и 37.000 граѓани на Србија во германските компании.
Запрашан дали со Габриел разговоарал во врска со посетата на Хрватска, Вучиќ одговори дека разговарал и дека е донесена одлука со Владата на Србија во наредните 100 дена да не се каже ниту еден лош збор за Хрватска.
„Ние ќе сториме сè, а потоа до Европската Унија и до Хрватска е да го сторат истото и за Србите во Хрватска“, додаде тој.
Вицеканцеларот и министер за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел, престојува во посета на Србија.