Ekip
06 Јуни 2018•Ажурирај: 07 Јуни 2018
АТИНА (АА) - Во над 20 градови во Грција се одржаа протести против преговорите меѓу македонската и грчката влада околу спорот со името меѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Најголемите демонстрации се одржаа во градот Пела кој се наоѓа во северниот дел на Грција, град кој се смета за родно место на Александар Велики. Демонстрантите носеа грчки знамиња, и извикуваа пароли, меѓу кои и „Македонија е Грчка“.
Слични демонстрации се одржаа и во регионот Македонија кој се наоѓа во северниот дел на Грција. Преговорите меѓу Македонија и Грција се интензивирани особено во последниот месец, а зголемени се очекувањата за решение за спорот со името.
Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, претходно истакна дека на преговарачка маса се наоѓаат следните имиња: „Северна Македонија“, „Горна Македонија“, и „Нова Македонија“.