Mehmet Hatipoğlu
11 Февруари 2016•Ажурирај: 12 Февруари 2016
АТИНА (AA) – По синоќешниот пад на грчкиот воен хеликоптер во Егејското море три члена на посадата исчезнаа, јавува Anadolu Agency (AA).
Хеликоптер од типот "Агуста Бел" кој се придружи на воената вежба, откако што полетал од фреагата "Никофорос Фокас" исчезна во близината на брегот Лерос.
Заменик министерот за одбрана на Грција Димитрис Вицас рече дека хеликоптерот од радарот исчезна во 01:45 часот, после што се покренати акции за спасување.
Вицас рече дека сеуште не е позната судбината на три лица кои се наоѓале во хеликоптерот.
"Сеуште е рано да се каже дека три лица кои се наоѓале во хеликоптерот, загинаа. Акциите на спасување сеуште траат," Вицас.
Од друга страна, одредени грчки медиуми тврдат дека делови од хеликоптерот се пронајдени на грчкиот брег Кинарос. За падот на хеликоптерот и севкупната ситуација известен е и грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Министерот за одбрана на Грција Панос Каменос кој се наоѓаше во Брисел, поради несреќата итно се врати во Атина.