Furkan Naci Top
12 Февруари 2016•Ажурирај: 13 Февруари 2016
АТИНА (АА) - Стапката на невработеност во Грција во ноември 2015 година изнесуваше 24,6 отсто, што е за 1,3 отсто помалку во однос на истиот период минатата година, јавува Anadolu Agency (АА).
Според податоците на Заводот за статистика на Грција (ЕЛСТАТ), во оваа земја во ноември 2015 се евидентирани 1.180.516 невработени. Стапката на невработеност во ноември беше 24,6 отсто, додека бројот на невработени на земјата е намален за 55.857 луѓе. Стапката на невработеност во ноември 2014 година, изнесувала 25,9 проценти.
Што се однесува до стапката на невработеност кај младите луѓе, или лица на возраст од 15-24 години, стапката се намали од 51,4 на 48 проценти, а на возраст од 25-34 години, стапката на невработеност се зголеми 33,6-34,2 отсто.