Admir Fazlagic
15 Септември 2020•Ажурирај: 16 Септември 2020
СКОПЈЕ
Дете во градинката „13 Септември“ во Општина Центар во Скопје е заразено со коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (AA).
Според изјавата дадена од Министерството за труд и социјална политика на Северна Македонија за Медумската информативна агенција (МИА), ова е прв случај на дете во градинка заразено со Ковид-19.
Според информациите од Министерството за труд и социјална политика, станува збор за дете кое било згрижено во градинката „13 Ноември“ во општина Центар во Скопје.
Од отворањето на градинките на 9 септември беа пријавени три случаи на позитивни вработени во градинки во Скопје, Битола и Свети Николе.
По 6 месеци пауза поради состојбата со коронавирусот (Ковид-19), на 9 септември градинките повторно почнаа со работа под посебни протоколи и мерки за заштита од Ковид-19.
Во Република Северна Македонија регистрирани се 98 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 15.925. Од последиците на Ковид-19 се починати 9 лица, со што вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од овој вирус во земјата се искачи на 661.
Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 1.846.