Vesna Besiç
08 Јуни 2019•Ажурирај: 09 Јуни 2019
САРАЕВО (AA) - Ексумацијата на локалитетот Локвице 1 на Игман е завршена, а од масовната гробница се ексхумирани 12 комплетни тела, потврди гласноговорничката на Институтот за исчезнати лица на Босна и Херцеговина (БиХ), Емза Фазлиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Се работи за примарна гробница во која се пронајдени тела на жртви од бошњачка етничка припадност од Долно Хаџиќи. Тие, судејќи по трагите на местото на злосторството, пречекани се и ликвидирани кога преку Игман се обидувале да пребегнат на слободна територија под контрола на Армијата на Република БиХ, во летото 1992 година.
Како што наведе, на некои од жртвите нозете им биле врзани со воен ремен.
Со нив, освен облеката и обувки, пронајдени се лични предмети како што се лекови, прибор за лична хигиена, а пронајден е и накит. Локацијата на гробницата е откриена благодарејќи на соработката на институциите и размената на информациите помеѓу Институтот за исчезнати лица на БиХ, Обвинителството на БиХ, СИПА, а на точната локација укажаа чаурите кои се пронајдени на местото на злосторството, повеќе од 30.
Телата кои вчера се ексхумирани префрлени се во Јавното комунално претпријатие „Градски гробишта“ - Високо, каде што ќе се земат примероци од коскената срцевина, за да идентитетот на жртвите се утврди со ДНК анализа. Семејствата кои трагаат по своите најблиски информацијата за идентитетот на ексхумираните жртви би можеле да ја имаат за период од шест до седум недели.
По ексхумацијата, на семејствата кои се најдоа на локацијата им е дозволено да ги прегледаат посмртните останки, а некои од нив ги препознаа личните работи од нивните најмили.
Во наредниот период ќе продолжи потрагата по исчезнатите и ќе се прошири истрагата на овој терен, како и на уште два локалитети. Се работи за природни вртачи за кои има сомнение дека ги кријат телата на жртвите од бошњачка етничка припадност. Инаку, сѐ уште се трага за повеќе од 70 исчезнати лица од подрачјето на Хаџиќи.