Besar Ademi
11 Јуни 2017•Ажурирај: 11 Јуни 2017
ПРИШТИНА (АА) - На целата територија на Република Косово во 19 часот се затворени избирачките места. Одѕивот на гласачите на предвремените парламентарни избори во Косово, според најновите податоци на Централната изборна комисија, е 514. 374 избирачи или 27,66 отсто од гласачите, од вкупно 1.872.941 регистрирани гласачи, javuva Anadolu Agency (AA).
Овие податоци беа последните објавени на интернет страницата на ЦИК, кој на последната прес-конференција во 15:00 часот објави дека изборниот процес се одвивал нормално и без инциденти.
Претседателката на ЦИК, Валдете Дака, на првата прес-конференција соопшти дека сите избирачки места во Косово се редовно отворени во 07:00 часот.
Сојузот на невладини организации „Демократијата во акција”, кој го следи изборниот процес во Косово, објави некои неправилности во текот на денот, како што беа обид за гласање повеќе од еднаш, семејно гласање, фотографирање на глас, гласање надвор од кабина, купување на гласови и други мали неправилности.
Таа во врска со можните злоупотреби и кршења на кривичниот законик во текот на гласањето нагласи дека тоа е прашање на Обвинителството и останатите органи на гонење, и дека со тоа ЦИК не се бави.
Инаку, на предвремените парламентарни избори во Косово учествуваат 26 политички субјекти: 19 политички партии, пет коалиции и две инициативи со вкупно 971 кандидати. Секој граѓанин со право на глас може да гласа за еден политички субјект и пет негови кандидати, во вкупно 889 избирачки центри со 2.490 избирачки места низ цело Косово.