Bojana Stojanovic
22 Април 2018•Ажурирај: 23 Април 2018
БЕЛГРАД (АА) - Изложбата на турското стрелаштво „Кеманкеш“ ќе биде организирана од 23 април до 5 мај во Белград, каде посетителите можат да видат различни видови лакови, како и материјал за изработка на лакови, јавува Anadolu Agency (AA).
Изложбата на турското стрелаштво „Кеманкеш“ ќе биде отворена на 23 април во Домот на Војската на Србија во Белград, додека потоа слична изложба ќе биде организиранa и во Нови Пазар од 24 април до 7мај. Организатор на изложбите е Турскиот културен центар „Јунус Емре“.
Султанот Мехмед II Освојувачот (1432-1481) на стрелачите им даде на користење Плоштад за стрелање и со тоа стана владетел кој го основал првиот спортски центар на светот.
На изложбата ќе можат да се видат различни техники на лепење тетиви на лак, односно различни лепила користени за лепење на лак (од риба, кожа, тетива), лакови добиени со традиционална изработка во работилницата „Текије“ на Стреларскиот плоштад, посебен вид на јаворово дрво за изработка на лак, лепак од животинско потекло кој се користел пред лепилата добиени по хемиски пат, необработени и полуобработени рогови од бивол кои се поставуваат на краевите на лакот, сите од колекацијата на Ерџан Озек.
Како што изјави за АА кустосот на изложбата Мехмет Лутфи Сен, како главни елементи ќе бидат претставени лакот и стрелата, а потоа ќе бидат прикажани фазите на нивната изработка.
„Посетителите ќе можат да гледаат видео-снимка на која ќе биде прикажан процесот на изработка на лакот, додека на панелите ќе бидат прикажани податоци за остварените рекорди во стрелање на поле уште од времето на Османлиите, но и многу интересни работи во врска со турското стрелаштво“, додаде тој.

Ќе биде претставен и разни видови рачен алат кој се користел за изработка на зглобен штитник, камен за острење како и бронзен стреларски прстен од периодот на Селџуците.
Кустосот објасни дека турското стрелаштво се развило во спортска дисциплина, и дека својот врв го достигнува во времето на големиот везир Мехмед паша Соколовиќ, кој е со потекло од овие простори.
„Србите и Турците имаат долга историја која ги поврзува. Постојат извори кои наведуваат дека во 15 век во Белград постоел Плоштад за натпревари во стрелаштво и дека постоеле голем број стрелци“, изјави тој додавајќи дека оваа изложба е важна за разбирање на заедничкото минато, и дека без сомнеж ќе придонесе за развојот на пријателството на Турција и Србија.
Во Србија ќе се отворат две изложби на труското стрелаштво „Кеманкеш“, една со оригиналните експонати ќе биде отворена во Белград, додека другата изложба со посебно изработени дигитални панели ќе биде отворена во градот Нови Пазар.
Посетителите во Белград ќе можат да го видат и лакот со помала сила кој се користел за вежбата „кепазе-кепаде“ и лакот „курам“ во облик на млада месечина кој се користел за гаѓање на отворено поле, недовршениот лак од типот „тиркеш“ кој занаетчијата го оставил во фаза на изработка.
Фондацијата за стрелаштво на Република Турција, која е сопственик на изложбените предмети, е основана во 2013 година во Истанбул.