Fatjon Prronı
23 ноември 2015•Ажурирај: 24 ноември 2015
АНКАРА (АА) – Шестмина турски војници се повредени денес при експлозија на импровизирана бомба поставена на патот каде минувало оклопното возило во источната покраина Мус, според безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските безбедносни извори ги обвнија терористите на ПКК за инцидентот во градот Варто, во покраината Мус.
Турската армија започна операција во реонот за апсење на виновниците за нападот.
ПКК се смета за терористичка организација од страна на Турција, САД и ЕУ, која ја обнови своите вооружени акции протв Турција, ова лето.