Bojana Stojanovic
21 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
БЕЛГРАД (АА) - До 14 часот на парламентарните избори на територијата на Србија излегле 26,11 отсто од гласачите, а се проценува дека кога ќе се вклучи и излезноста од Косово, таа би изнесувала околу 27,7 отсто, соопшти на прес-конференција Републичката изборна комисија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„До 14 часот, на територијата на Србија, излезноста е 26,11 проценти, а моја проценка е дека кога ќе се вклучи и Косово, тогаш излезноста е околу 27,7 отсто, односно попрецизно, помеѓу 27,5 и 27,8 отсто“, наведе Миладин Ковачевиќ од Републичкиот завод за статистика.
Досега нема пријавени неправилности до Републичката изборна комисија.
Во Србија денес се одржуваат редовни парламентарни, покраински и локални избори, на кои право на глас имаат 6.584.376 граѓани, кои можат да гласаат до 20 часот, кога се затвораат избирачките места.
За членовите на избирачките одбори на изборните места задолжително е носењето на заштитни маски и ракавици, додека на гласачите им се препорачува да ги носат.