Zülfiya Yakup
30 Ноември 2016•Ажурирај: 30 Ноември 2016
ПРИШТИНА (AA) - Основниот суд во Призрен одреди месец дена притвор за петмина обвинети за нападот на Генералниот конзулат на Турција во Призрен. Одлуката за притвор за обвинетите И.С., Е.С., Б.С., Е.С. и Б.С. од Призрен донесена е на барање на Основното обвинителство во Призрен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Основниот суд во Призрен, обвинетите се осомничени за кршење на Кривичниот законит затоа што на 28.11.2016 година, околу 04.21 часот, на објектот на Турскиот Конзулат во Призрен, на улицата Ремзи Адеми, во соучество, предизвикале општа опасност по животот на луѓето и имотот така што запалија фитили на две флаши со Молотов коктел и ги фрлиле во правец на прозорците на Конзулатот.
Во соопштението и понатаму се наведува дека обвинетите фрлале камења во правец на објектот на Конзулатот, како и дека сето тоа резултирало со разбивање на едно стакло на прозорец и обоен sид. Обвинетите избегале од местото на настанот.
Од Судот се спомнува дека обвинетите во наведениот инцидент се осомничени за извршување на кривично дело за предизвикување на општа опасност во соучество.