Admir Fazlagikj
01 Јули 2017•Ажурирај: 02 Јули 2017
СКОПЈЕ (АА) - Осумдесет и четиригодишен скопјанец денеска напладне го убил својот 32 годишен внук и ги ранил сопругата и ќерката, по што се самоубил, потврди Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од полицијата информираат дека на улицата „Хо Ши Мин“ во населбата Бутел во Скопје било пријавено дека 84. годишен скопјанец со инцијали Б.Т. со пиштол пукал кон неговиот внук Т.С. (32) кој починал на самото место, како и кон сопругата Б.Т., и ќерката Л.С. (58), по што извршил самоубиство.
Двете жени со Итна медицинска помош се префрлени во Ургентен центар и се во животна опасност. Полицијата врши увид и се работи на расчистување на околностите.