Andjelija Stojkovic
27 Јуни 2020•Ажурирај: 27 Јуни 2020
БЕЛГРАД
Министерот за одбрана на Србија, Алелксандар Вулин, е позитивен на коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што се наведува во соопштението на Министерството за одбрана, Вулин се чувствува добро и со оглед дека нема никакви симптоми на инфекцијата се наоѓа во самоизолација.
„Министерот Вулин продолжува со редовно извршување на должноста министер за одбрана, придржувајќи се до сите пропишани мерки во текот на самоизолацијата“, се наведува во соопштението.
Вулин е тестиран како контакт на државниот секретар на Министерството за одбрана, кој е позитивен на Ковид-19.