Lejla Biogradlija
25 Ноември 2022•Ажурирај: 26 Ноември 2022
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија е започната опсежна операција откако било пријавено дека настанал оружен судир меѓу нерегуларните мигранти во градот Хоргош кој се наоѓа на границата со Унгарија, при што се приведени над 600 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на земјата, полицијата добила пријава дека нерегуларните мигранти во Хоргош се шетале низ улиците и меѓусебно отвориле оган.
По добивањето на пријавата, полициските служби започнале опсежна операција во подрачјето.
Операцијата била реализирана со хеликоптери и дронови од страна на специјалните полицајци на Србија.
Во рамки на операцијата се приведени над 600 лица, а на местото на настанот биле фатени 6 мигранти.
Во соопштението се вели дека во операцијата бил вклучен и српскиот главен град Белград.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ, се упатил во местото на настанот.