Bojana Stojanovic
26 Јуни 2020•Ажурирај: 27 Јуни 2020
БЕЛГРАД
Во Србија уште едно лице почина од последиците на коронавирусот (Ковид-19) во изминатите 24 часа, а заразени се 193 лица, со што денеска во земјата има 1.068 активни случаи на заразување, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно се регистрирани 13.565 случаи на Ковид-19.
Од вчера, тестирани се 8.495 лица, од кои 193 се позитивни на коронавирусот.
Во изминатите 24 часа, од последиците на коронавирусот почина уште едно лице, со што бројот на починати досега порасна на 265. Процентот на смртност изнесува 1,95 отсто.
На респиратори се 26 пациенти.
Досега се тестирани 374.875 граѓани.