Fatjon Cuka
21 Декември 2019•Ажурирај: 21 Декември 2019
ТИРАНА (AA) – Во главниот град на Албанија одржана е неофицијална средба на лидерите на Северна Македонија, Албанија и Србија во рамките на состанокот за продлабочувањето на соработката за забрзување на „Четирите слободи на Европската унија", односно состанок за таканаречениот „Мини Шенген", кој утре ќе се одржи во Тирана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Албанскиот премиер Еди Рама одржа неофицијален состанок во Тиранасо премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и со претседателот на Србија Александар Вучиќ, а по состанокот немаше изјави за медиумите.
По состанокот, премиерот Рама и делегациите од регионалните земји присуствуваа на хуманитарниот концерт „Ти никогаш нема да бидеш сам", посветен на процесот на обновата по катастрофалниот земјотрес во Албанија од 26 ноември. Приходот од продажбата на влезниците за концертот на кој учествуваа албанските уметници е наменет за обнова на училиштата оштетени во земјотресот.
- Протест против присуството на Вучиќ -
Активистите на Движењето Самоопределување и граѓаните протестираа против присуството на состанокот на претседателот на Србија Александар Вучиќ. Протестот е одржан на Булеварот Маченици на нацијата пред зградата на хотелот во кој премиерот Рама се состана со премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Во текот на протестите дојде и до судир помеѓу полицијата и активистите, а демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „20.000 силувани жени", , „Мини Шенген прави Србија да има море" и „Албанија не заборава", со што е изразено негодување поради посетата на Вучиќ на Албанија.
Состанокот кој ќе биде одржан утре во Тирана е продолжување на претходните два состаноци од ова ниво, одржани во септември во Нови Сад, во Србија и во ноември во Охрид, во Северна Македонија.
Пред почетокот на официјалниот состанок, утре на 21 декември, лидерите учесици повикани на самитот ќе посетат некои подрачја кои се погодени од земјотресот во Драч на 26 ноември. По посетата на Драч, во Тирана ќе биде одржана „Сесија на лидерите" а потоа и пленеарно заседавање на кое ќе учествуваат делегациите.
Активностите се завршуваат со заедничка прес-конференција на лидерите учесници на состанокот.
Косово одби да учествува на состанокот во Тирана, иако беше повикано, а не учествуваш ниту на претходните состаноци. Претседателот на Република Косово Хашим Тачи претходно одби и да учествува на самитот во Охрид во ноември, затоа што Косово не беше повикано на првиот состанок во октомври во Нови Сад. Тачи оцени дека повиците и иницијативите за регионалната соработка се потполно бесмислени, додека Србија и Босна и Херцеговина не ја признаат државата Косово.