Stipe Majic
06 Мај 2020•Ажурирано: 07 Мај 2020
ЗАГРЕБ
Центарот за цивилна заштита на Република Хрватска на редовната прес-конференција извести дека во изминатите 24 часа во Хрватска од Ковид-19 починале две лица, а детектирани се седум новозаразени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Денеска, на 72. ден по појавата на Ковид-19 во Хрватска, бројот на новозаразени во изминатите 24 часа изнесува седум, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 2.119.
Од Дубровничко-неретванската жупанија се детектирани тројца новозаболени, од градот Загреб двајца, од Копривничко-крижевската жупанија еден и од Сплитко-далматинската еден нов позитивен на Ковид-19.
Починаа две лица во Општата болница во Копривница.
Со тоа бројот на починати во Хрватска сега достигна 85.
Досега се тестирани 41.053 лица, од тоа 1.080 во последните 24 часа.
Денеска се хоспитализирани 11 помалку во однос на вчера, што значи дека 206 лица се на болничко лекување.
На респиратор се 14 болни лица, а вкупно 1.601 се излекувани, што е 41 лице повеќе во изминатите 24 часа. Од нив 618 се пуштени од болница, а дома се излекувале 983 лица.
Во самоизолација се 18.689 лица. Досега се издадени околу 2 милиони електронски пропусници, додека моментално важечки се 290.000.