Stipe Majic
23 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
ЗАГРЕБ
Центарот за цивилна заштита на Република Хрватска извести дека од утринава има девет новозаразени лица со коронавирус, со што вкупниот број на заразени со коронавирус во Хрватска изнесува 315 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Имаме девет нови потврдени случаи со коронавирус во Хрватска, вкупниот број изнесува 315 заразени лица. Направени се 2.757 тестирања од кои 33 се во тек“, изјави министерот за здравство, Вили Берош.
„Бројот на болните на респиратор, со влошена клиничка слика не е зголемен“, изјави Берош.
Во здравствениот состав се потврдени 15 заразени со коронавирус, од кои еден матичен лекар, четворица специјализанти и три медицински сестри.
По вчерашниот потрес следуваа низа помали потреси на подрачјето на Загреб и околината, при што од последиците на земјотресот едно девојче е во критична состојба, додека вкупно 18 лица се со потешки повреди.
Последниот потрес беше со јачина од 3,3 степени по Рихтер денес околу 15:00 часот.
По денешниот состанок меѓу државниот врв и членовите на Центарот за цивилна заштита во Националната универзитетска библиотека беа најавени построги мерки за движење, така што ќе можат да се движат само оние што треба да завршат некоја работа.