Stipe Majic
03 Септември 2020•Ажурирај: 04 Септември 2020
ЗАГРЕБ
Во последните 24 часа се забележани 369 нови случаи на заразување со Ковид-19, извести Центарот за цивилна заштита на Република Харватска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на активни случаи во Хрватска денеска е вкупно 2.634.
Меѓу нив се 269 пациенти на болничко лекување, од кои 15 пациенти се на респиратор.
Од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 во Хрватска последните 24 часа починаа три лица.
„Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на вирусот во Хрватска, до денеска се евидентирани 11.094 лица заразени со новиот тип коронавирус, од кои 194 починаа, 8.266 се оздравени“, се соопштува од Центарот.
Во самоизолација моментално се наоѓаат 8.901 лице.
До денеска се тестирани вкупно 179.838 лица, од кои 4.492 во последните 24 часа.